МАКСИМАЛНО ИСКОРИСТЕТЕ ГИ СЛОБОДНИТЕ ДЕНОВИ: Како потполно да се ослободиме од стресот пред да дојде новата година?

popara26 декември, 20221min00
Opustanje

Искористете ги овие неколку слободни денови целосно да се опуштите и да се подготвите за новата работна година која носи нови победи со што помал стрес! Дознајте како да го направите тоа подолу.

Исчистете го нередот

Користете слободен ден или попладне за чистење. Исчистете го плакарот и донирајте го она што повеќе не го носите, ослободете се од непотребните работи и нередот. Чистотата во просторот носи и чистота во умот, па во новата година ќе влезете почисти и поподготвени за нови победи.

Направете катче за релаксација

Украсете мало катче со фотелја или едноставна украсна перница за седење на подот за релаксација. Релаксацијата често ја поврзуваме со каучот и телевизорот или со нашиот кревет, каде на крајот правиме сè, од читање до проверка на е-пошта и социјалните мрежи. Ова негативно влијае на нашиот сон и вистинската релаксација после работа или за време на викендите. Затоа, создадете мало катче каде што ќе можете целосно да се посветите на читање, медитација или која било друга форма на релаксација што ви одговара.

Набавете нов планер

Кога нашите обврски, цели и желби ќе ги ставиме на хартија, тие стануваат пореални, но и би се рекло полесни за сфаќање. Запишете кои цели сакате да ги постигнете во новата година и на крајот од секој ден, месец и недела внесете ги во планерот конкретните чекори што сте ги направиле за да им се приближите. На овој начин полесно ќе ја преземете контролата врз вашиот живот, а со тоа и помалку ќе бидете изложени на стрес.

Подгответе бања, одете на масажа, вежбајте

Овие слободни денови се идеални и за да се посветите на себе, да се опуштите со капење и конечно да воведете постојана рутина за убавина. Обидете се со методи за чистење на лицето за кои вообичаено немате време, подгответе долга топла купка со етерични масла што ќе ве опуштите или одете на масажа. Влезете во новата година со сеќавање дека грижата за вашето тело е исто толку важна како и грижата за вашиот ум, затоа не заборавајте да се грижите за себе и редовно да вежбате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag