МАКСИ здолништата се повторно ИН: Џенифер Лопез го најави големото враќање на трендот од 90-тите

popara2 мај, 20221min00
Dzenifer-Lopez

Се чини дека спротивностите доминираат во модниот свет оваа сезона.

Од една страна, познатиот бренд Miu Miu, најави враќање на екстремно кратките здолништа, какви што се носеа на почетокот на овој век.

Луј Витон и Живанши, пак, најавуваат враќање на нешто сосема спротивно. Станува збор за долги здолништа со рамен крој, какви што носеа сите девојки со стил во 1990-тите.

Голем поддржувач на овој стил е познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез, која неодамна беше видена во ова издание.

Важно е при изборот на вистинскиот модел да го изберете оној кој најмногу одговара на вашето тело и да го комбинирате со правилните обувки. Високите потпетици, рамните чевли, сандалите и патиките одлично одат со овие здолништа.

Долните потпетици, од друга страна, можат да направат вашите нозе да изгледаат пократки.

Во тренд се здолништата во А линија кои допираат до глуждовите или до подот и кои немаат тенденција да се шират. Погодни се затоа што ја следат структурата и ја издолжуваат силуетата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma