Анастасија, која својот профил на „TikTok“ го посвети на модата и стилот, открива како да изгледате уште подобро ако сте пополни и имате изразени облини.
Сигурно сте свесни дека не му стои се исто на секого. Нешто што и одговара на вашата пријателка можеби нема да ви стои добро и на вас.
Затоа е важно да знаете како правилно да ги истакнете вашиот стил и убавина.
Тиктокерка Анастасија, која има повеќе од 65.000 следбеници на својот профил, споделува различни совети како да го подобрите вашиот изглед.
Таа даде неколку клучни совети, наменети за дами со облини или покрупна градба.
Еден од советите беше да се нагласи струкот, што таа рече дека можете да го постигнете со добар ремен.
Она што треба да го избегнувате е „завиткување“ во широки работи, што всушност може да ве направи поголеми отколку што сте.
Анастасија ве советува да носите потемни бои (што секако не значи дека воопшто не треба да носите бои).
Носете облека со „V“ деколте што визуелно ќе ве издолжи.
Како Анастасија го објасни сето тоа, погледнете во видеото ОВДЕ.