Една од најубавите русокоси во Холивуд, австралиската актерка Маргот Роби ги привлече сите погледи во совршено бело одело со модерен крој.
Елегантната Марго Роби присуствуваше на „Wall Street Journal Innovations Award“.
За таа прилика Марго носеше совршен бел костум составен од беспрекорно скроена јакна со златни копчиња и панталони ѕвонарки кои ѝ ги покриваа чевлите.
Како совршен контраст, под белата јакна, Марго носеше црна тантела кошула која ѕиркаше од под оделото.
Панталоните кои ги носи Марго се апсолутен хит оваа сезона, пред неколку дена ги облече актерката Моника Белучи, а на најдобар можен начин ја издолжуваат женската линија и ги прават нозете подолги и витки.
Ова е уште едно совршено издание од убавата Марго, како ви се допаѓа? Кажете ни во коментари…