Маргот Роби беше меѓу дамите кои носеа фустан кој е дефиниција за есенска елеганција. Новата Барби за време на нејзиното појавување по повод промоцијата на филмот „Амстердам“ носеше фустан кој потсетува на стилот на Кејт Мидлтон, а тоа не е случајно.
Фустанот е дело на дизајнерката Алесандра Рич, омилената дизајнерка на принцезата од Велс, која е позната по своите ултра женствени креации.
Нејзиниот фустан е од колекцијата есен/зима ’22, која вклучува многу класични парчиња и е украсена со малку помодерни детали. Синиот свилен фустан со бели безвременски полка точки има глувчешки ракави и винтиџ морнарска шифон јака со карнери, кои исто така се појавуваат на џебовите.
Марго на својот стајлинг додаде и бели шпицести чевли и го модернизираше изгледот со брановидни, исчешлани локни, додека нејзината шминка остана препознатливо мека и розова.
Класичните бои на точкастите фустани полека се заменуваат со сина, бордо и црна како што се приближуваме кон есента и есенската палета на бои.