Маргот Роби рече дека речиси се откажала од глумата по нејзиното „страшно“ искуство на слава по „Wolf of Wall Street“.
Актерката се присети на своето искуство кога глумеше во филмот на Мартин Скорсезе заедно со Леонардо ди Каприо кога имала 22 години, глумејќи ја љубовницата на Џордан Белфорт, која станала негова сопруга.
„Нешто се случуваше во тие рани фази и сето тоа беше прилично ужасно“, изјави Роби за Vanity Fair за вниманието што го добила по објавувањето на филмот, додавајќи:
– Се сеќавам дека ѝ реков на мајка ми: „Мислам дека не сакам да го правам ова“. А таа само ме погледна, целосно рамнодушна, и рече: „Мила, мислам дека е предоцна да не го правиш тоа“. Во право беше и сфатив дека единствениот пат е напред – изјавила актерката, пренесува NME.