Маргот Роби (32) и официјално стана најплатената актерка во Холивуд, а за улогата во филмот „Барби“ во кој глуми со колегата Рајан Гослинг, доби рекордни 12,5 милиони долари.
Во филмот „Барби“ таа ја игра иконската кукла Барби, додека Рајан Гослинг ќе го видиме во улогата на Кен.
Нејзината заработка ја надмина претходната која изнесуваше 10 милиони долари за улогата во филмот „Birds of Prey“.
Margot Robbie and Ryan Gosling are both being paid $12.5 million for ‘BARBIE.’ pic.twitter.com/WchaLJ3VjC
— Pop Base (@PopBase) July 20, 2022
На Гослинг наводно му бил платен ист хонорар како и на Маргот, со што двајцата се на 16-то место на листата на Variety за најплатени актери во Холивуд.
На второ место, веднаш по Маргот, е актерката Мили Боби Браун, која заработи 10 милиони долари.
🇦🇺 Margot Robbie (2022)⚡️ pic.twitter.com/vy5NqAEakA
— Celeb Crushes 95K (@coolcrushes) July 19, 2022
На првото место на оваа листа е Том Круз кој заработи неверојатни 100 милиони долари за продолжението на филмот „Top Gun: Maverick“.
Филмот „Барби“ се снимаше четири месеци, а социјалните мрежи беа преплавени со нови фотографии од Рајан и Марго кои личеа на Барби и Кен. Сепак, актерката објаснува дека нѐ очекува нешто неочекувано.
– Луѓето веднаш имаат претпоставки. „О, Маргот игра Барби, знам што е тоа“. Тоа беше нашата цел – што и да мислите, ќе ви дадеме нешто сосема друго, она што не сте знаеле дека го сакате – рекла актерката.
Филмот може да го очекуваме во кината следната година.