Користете ја маската еднаш неделно за максимален ефект
Ја оставаме зимата зад нас и полека но сигурно уживаме во топлите и сончеви денови. Ова е исто така знак дека е време да ја промениме нашата рутина за нега на лицето и кожата. Лицето секако најпрво ги чувствува сите промени на надворешните влијанија и затоа треба да посветите посебно внимание на овој дел од телото.
Ова можете да го направите многу лесно, со помош на пролетни маски за лице, за вашиот тип кожа. Многу лесно се прават, не се скапи, а ефектот е далеку подобар од маските кои се купуваат готови.
Овој пат ќе ви откриеме маска за сува кожа која е направена од само две состојки. Сѐ што ви треба е зрело авокадо и лажичка маслиново масло.
Соединете половина од зрелото авокадо и маслото и сè енергично изматете со жица за матење. Ќе добиете густа паста, која треба да ја нанесете на чисто лице и да ја оставите да делува околу 15 минути.
Потоа исплакнете го лицето со топла вода и продолжете со вообичаената нега.
Авокадото има навлажнувачки својства, а вашата кожа ќе биде нахранета, мазна и мека.
Користете ја маската еднаш неделно.