МАСНАТА КОСА ВИ ПРАВИ ПРОБЛЕМИ? Испробајте ги овие трикови и ќе имате средена коса цела недела!

popara1 февруари, 20221min00
Kendal-Jenner

Проблемот со брзото мастење на коса е еден од најчестите кога станува збор за косата, без разлика на возраста и полот. Сигурно сте ја измиле косата, а следното утро под прстите чувствувате дека коренот ви е мрсен.

Веруваме дека и вие се обидевте да го смените шампонот, но истата приказна продолжи. Станувате очајни и не знаете што да направите во тој случај, а секојдневно миење на косата не доаѓа предвид.

Применете ги овие совети и сведочете на промените!

Редовно чистете го чешелот/четката за коса

За да може четката или чешел убаво да ви ја исчешла косата и да ги прераспредели маслата од темето на косата која на тој начин добива сјај – тие треба да бидат чисти. Затоа, за да може чешел или четка да ја исполни оваа задача, тие не смеат да бидат валкани или полни со влакна. Како што сите знаеме, со текот на времето, тие таложат маснотии и остатоци од производи за коса, поради што треба редовно и темелно да се мијат.

Четкајте ја косата само еднаш дневно

Честото четкање на косата може да го поттикне лачењето на вишокот маснотии, па доколку ја имате оваа навика, треба да ја искорените. Експертите се согласуваат дека оваа работа е доволно да се прави еднаш дневно. Обидете се да ја допирате косата што помалку во текот на денот, за да не ја извалкате.

Менувајте ја перницата најмалку два пати неделно

И птиците на гранката знаат дека на перниците се акумулираат нечистотија, бактерии и остатоци од производи за нега на кожа и коса, па затоа нивната редовна промена е клучна. Со менување и миење на перниците на секои неколку дена, ќе избегнете не само непотребно валкање на косата, туку и појава на акни или алергиски реакции на кожата.

Мрсната коса сака производи без силикон, масло и сулфат

Шампоните без сулфат се добар избор за оние со мрсен скалп бидејќи не го иритираат скалпот, а со тоа ја намалуваат веројатноста да предизвикаат поголемо лачење на себум. Се препорачува да се користат производи без масло и силикон, кои исто така предизвикуваат побрзо масло за коса.

Kako usporiti mašćenje kose

Избегнувајте често миење на косата

Знаеме дека не е секогаш лесно да се одолее на нагонот за миење на косата кога е мрсна, но често миењето обично има контра ефект. Имено, шампоните го отстрануваат лојот од скалпот, но на тој начин го поттикнуваат и неговото дополнително лачење, поради што ќе се најдете во маѓепсан круг од кој тешко се излегува. Ова е причината зошто експертите препорачуваат миење на косата не повеќе од двапати неделно.

Намалете го бројот на производи на минимум

Факт е дека повеќето производи за нега и стилизирање ја оптоваруваат вашата коса, па затоа е време да размислите за вашата рутина. За екстремно мрсна коса, повеќето експерти препорачуваат само употреба на шампон за чистење и лесен регенератор, со нанесување на маската еднаш или двапати месечно.

Не заборавајте да направите пилинг на главата

Пилинг и масажа на скалпот ги стимулира фоликулите на косата, ги отстранува насобраните производи и помага во балансирање на pH вредноста на скалпот. Сето тоа доведува до побрз раст на косата, но и побавно лачење на себум. Денес, постојат голем број на производи за нега на коса, иако квалитетен пилинг можете да направите сами дома.