Ситуацијата во спалната соба понекогаш знае да падне во монотонија, но тоа не значи дека треба да и се препуштите. Постојат многу начини да го подобрите вашиот сексуален живот
Никогаш доволно лубрикант
Се чувствувате како да претерувате со лубрикантот? Не грижете се, не е можно да имате премногу, само премалку
Надминете ги несигурностите
Звучи како клише, но сите ги имаме и тоа е сосема нормално. Единствено што е важно е да ги надминете.
Интимноста е подобра од оргазмот
Доколку успеете емотивно да се поврзете со личноста со која водите љубов, тоа е помоќно од било каков оргазам. Некогаш луѓето леат солзи по еротска масажа која завршила – со прегратка.
Мастурбацијата спречува уринарни инфекции
За жените, мастурбацијата е ефикасен начин за чистење на вагиналниот канал благодарение на вагиналната слуз која се појавува во состојба на возбуда. Ги чисти бактериите од вагината и ја поттикнува циркулацијата, намалувајќи го ризикот од цервикални и уринарни инфекции
Ништо не е посекси од познавањето на сопственото тело
Единствениот начин да откриете што ве возбудува е да истражите. Мастурбацијата е задолжителна.