Секогаш е добро време да направите мафини за целото семејство
Состојки:
две јајца
100 гр брашно
100 гр маргарин
200 гр шеќер
кесичка ванилин шеќер
половина прашок за пециво
лажичка сода бикарбона
50 гр стопено темно чоколадо
200 мл млеко
две лажици какао во прав
50 гр чоколаден пудинг
100 гр сечкани лешници
Подготовка:
Маргаринот со шеќерот и ванилиниот шеќер се матат додека не се запенат, па се додаваат јајцата едно по едно. Убаво промешајте, па додадете го растопеното чоколадо, какаото во прав, млекото и пудингот.
Измешајте ги прашокот за пециво и сода бикарбоната и додајте ги во смесата. Во калап за мафини наредете ги хартиените корпички и наполнете ги со смесата.
Посипете со сечкани лешници и печете на 180 степени околу 20 минути. Изладете ги мафините и послужете ги со кафе.