Машките лаги на кои паѓаат и најинтелигентните жени: Колку пати сте ги слушнале овие реченици?

popara25 мај, 20221min00
2022145922628bcd4216f64164575433_640

Речиси и да нема припадничка на понежниот пол што не ги слушнала овие зборови барем еднаш.

Машко-женските односи можат да бидат многу комплицирани. Желбите и емоциите често знаат да не се совпаѓаат што доведува до лажење, манипулативно однесување и калкулации. Без разлика колку сте интелигентни или успешни, емоциите честопати можат да ја заматат нашата вистинска слика за некого.

Според некои истражувања, мажите се повеќе склони кон лажење и манипулативно однесување. Кога не ве гледа како личност за сериозна врска или не сте негов приоритет, тогаш тој ќе ви каже една од овие реченици.

  1. Сè уште не сум подготвен за врска

Веројатно досега сте ја слушнале оваа реченица. Толку често се изговара што станува еден од честите изговори за избегнување сериозна врска. Најмногу ја изговараат мажите кога само страста ги врзува за одредена жена. Овие зборови нема да ги слушнете од личност на која навистина и се допаѓате. На овој начин мажите само купуваат време и се обидуваат да ги постигнат своите површни и краткорочни цели.

  1. Многу сум зафатен/имам многу работа

Во денешно време кога животот е многу побрз и полн со обврски, природно е дека партнерот нема секогаш да има време да ви се посвети. Но, кога ќе почнете да забележувате дека вашиот сакан се однесува постудено, работи повеќе од вообичаено, не ве прави приоритет дури и кога е во можност – размислете добро за неговото однесување.

  1. Никогаш не сум запознал девојка како тебе

Мажите знаат дека жените се заљубуваат во она што го слушаат. Не паѓајте на сладоста на неговите зборови и погледнете наназад на неговите дела. Кога сакаат да заведат, можат да ја кажат оваа реченица само за да го постигнат она што го наумиле. Не дозволувајте лесно да ве заведе, бидејќи постојат големи можности оваа фраза да ја кажал и на други девојки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma