Мајката на Меган Маркл прв пат зборува за тортурата низ која поминувала ќерка ѝ: Не можела да ги сопре солзите

popara16 декември, 20221min00
megan-i-hari-830x0

Мајката на Меган Маркл се расплака во документарецот објавен од Нетфликс наречен „Хари и Меган“, зборувајќи за нејзината ќерка и нејзините самоубиствени мисли.

Имено, Дорија Рагланд, која живее блиску до принцот Хари и Меган Маркл во Калифорнија, заплакала додека зборувала за тешкиот период на нејзината ќерка и нарушено ментално здравје додека живеела во Велика Британија и дека чувствувала дека не може да ја заштити, а истакнала дека Меган минувала и низ голема психичка тортура.

Хари, исто така, изнесе многу работи за неговото семејство, особено за неговиот татко и брат, навестувајќи дека тие не се венчале поради љубов, туку со жени кои одговараат на „калапот“.

Војводата, исто така, во документарецот рече дека членовите на неговото семејство се прашуваат зошто на Меган ѝ е потребна поголема заштита од медиумите отколку на нивните сопруги, но дека не успеале да го разберат „расниот елемент“ и големиот притисок на јавноста.

Тврдењата направени во трејлерот вчера брзо беа отфрлени како „глупости“ од кралските експерти, додека еден коментатор рече дека серијата е очигледно „облик на одмазда“.

Да потсетиме, првите три епизоди од Хари и Меган се дел од милионскиот договор на семејството Сасекс со Нетфликс и беа емитувани минатата недела, а од денеска се емитуваат последните три епизоди од три часа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag