Холивудскиот актер Мајкл Даглас (78) предизвика бурни реакции на Инстаграм кога објави видео од Париз, а фановите веднаш забележаа дека ја бојадиса косата
Актерот објави видео од Париз, а на него се гледа дека има долга бојадисана коса.
– Еј луѓе, среќен петок, нека ви биде добар, со многу љубов – напиша Даглас со клипот што го објави.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Се уште никому не му е јасно дали актерот решил да го примени имиџот или се подготвува за нова улога.
Даглас ќе го игра Бенџамин Френклин во серија која допрва треба да се емитува, а ќе се појави и во „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“, кој треба да се појави во американските кина на 17-ти февруари 2023 година.