Меган Маркл во искрено интервју: За прв пат проговори за кралицата Елизабета по нејзината смрт

popara23 октомври, 20221min00
meghan-markle-kraljica-elizabeta-2-830x0

Еден месец по смртта на кралицата Елизабета Втора, Меган Маркл размислувала за „посебното време“ што го поминала со монархот, пренесува E! Online.

Во интервју за магазинот „Variety“, Меган за прв пат по смртта на кралицата јавно проговори за неа и за тоа како таа и нејзиниот сопруг, принцот Хари, тагуваат по нејзината смрт.

Војвотката од Сасекс беше покрај Хари на погребот на кралицата, а во интервју за магазинот изјави дека за тоа е потребна голема љубов и поддршка.

– Навистина сум благодарна што можев да бидам со мојот сопруг за да го поддржам, особено во овој период – рекла Меган.

– Она што е толку убаво е кога ќе го погледнете наследството што баба му можеше да го остави на многу полиња – продолжи таа.

– Секако, во однос на женското лидерство, таа е најдобар пример за како тоа изгледа. Се чувствувам длабоко благодарна што успеав да поминувам време со неа и да ја запознаам – додала Меган.

Иако вели дека поминало комплицирано време од смртта на кралицата, Меган забележува дека Хари е оптимист и рече дека бабата сега е повторно соединета со нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип, кој почина во април 2021 година.

Навраќајќи се на нејзиниот прв официјален ангажман со кралицата, Меган вели дека се чувствувала многу горда.

– Се чувствувам среќна. Сè уште сум горда што имав убава топлина со матријархатот на семејството – заклучи таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma