На фотографијата Лилибет е облечена во светло син фустан, седи на тревата, а нејзината црвена коса веднаш ги потсети сите на нејзиниот татко, принцот Хари. Така, можеме да заклучиме дека Лилибет ги собрала гените на кралското семејство. Роденденот беше прославен во интимна атмосфера и во тесен круг на семејството и пријателите.
Клер Птак, која ја креираше свадбената торта на Хари Меган во 2018 година, направи специјална торта и за првиот роденден на Лилибет.
Принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и нивните деца не присуствуваа на роденденската забава. Секако дека беа поканети, но не дојдоа поради обврските околу прославата на јубилејот на кралицата.
Фотографијата ја објави семејниот пријател Мисан Хариман. Ова е втора фотографија од малата Лилибет која е објавена.