Елегантен, женствен и едноставен – така може да се опише речиси секој стајлинг на Меган Маркл. Војвотката од Кембриџ и нејзиниот сопруг се појавија во Хаг, а Меган со својот стајлинг ги воодушеви сите присутни.
За ова појавување Меган облече бел костум на брендот Валентино, а модните детали кои ги носеше го надополнија целиот стајлинг.
Чантата од истиот моден бренд како и оделото одлично прилегаше, а златниот накит даде завршна и посебна нота.
Ѓерданот, кој Меган го носеше за прв пат во 2020 година, го изработи дизајнерката Софи Лис, а златниот часовник „Cartier“, кој некогаш беше во сопственост на принцезата Дијана, му даде емотивна вредност на целиот стајлинг.
Сепак, модните детали кои го привлекоа вниманието на обожавателите на кралското семејство се дијамантските обетки, кои Меган ги носеше на крштевката на нејзиниот син Арчи, како и вереничкиот прстен кој никогаш не го соблекува.
Меган се одлучи за поблага шминка „smokey eye“, а како и секогаш, на усните стави розова нијанса на кармин.