Меган Маркл, војвотката од Сасекс (41) има неверојатна фигура за која еден експерт од светот на фитнесот вели дека е резултат на пилатес.
Експертот за порталот „Експрес“ зборуваше зошто пилатес е толку добра физичка активност, особено во зимските месеци.
Меган Маркл практикувала јога уште од мала, а подоцна во животот развила страст за пилатес.
Сопругата на војводата од Сасекс земала часови по пилатес и додека живеела во Велика Британија.
Има многу придобивки кога се работи за вежбање пилатес, а некои од нив ги открива Емили Ратервуд, фитнес тренер.
– Пилатесот со себе носи бројни придобивки за кои можеби не ни знаете. Во последниве години се здоби со огромна популарност, а јасно е и зошто. Неговите бавни и контролирани движења нудат безброј здравствени и фитнес придобивки. Без разлика дали вежбате со пилатес справи или на душек, дефинитивно ќе се чувствувате подобро по вежбањето – вели Емили.
Емили претпоставува дека Меган сака пилатес бидејќи тоа ѝ го подобрува расположението.
– Особено во зима сме повеќе склони кон лошо расположение, а еден од начините да го подобриме расположението е да вежбаме пилатес. Како и секој друг спорт, пилатес предизвикува ослободување на ендорфин, како и на серотонин, хормонот на среќата – објаснува тренерот.
Таа потсетува дека пилатесот го подига расположението и самодовербата, а бидејќи се одвива во групи, поттикнува чувство на заедништво.
– Така, кај поединецот се намалува чувството на осаменост и изолација што луѓето често го чувствуваат во зимските месеци – заклучува Емили.