Актерката Меган Фокс изгледа спектакуларно, а многумина ќе се согласат дека таа е една од најубавите жени на планетата.
А кога станува збор за модата, речиси секоја нејзина комбинација е погодок, но тоа не е случај и овојпат…
Имено, Фокс прошетала во модни парчиња кои наликуваат како да се изработени од прекривки за кауч, а очигледно и самата актерка ја увидела сличноста, па истата ја споделила на Инстаграм.
Иако модниот стајлинг ги истакнувал нејзините стомачни мускули и згодното тело, модните критичари велат дека истиот е тотално фијаско.
Комбинацијата е со потпис на брендот „KNWLS“ кој го обожуваат Кардашијанките, а креацијата е дел од колекцијата за пролет/лето 2022 година која се состои од корсет, халтер и панталони со принт.