Меган Фокс беше меѓу дамите што доминираа со изгледот на доделувањето на Billboard наградите, а на својот Инстаграм профил сподели и неколку интересни информации за тоа што се случува со нејзиниот приватен живот додека со нејзиниот свршеник престојуваат во Лас Вегас.
На црвениот тепих на доделувањето на Billboard наградите Меган Фокс се појави заедно со нејзиниот свршеник Машин Ган Кели во црна тоалета со длабоко деколте, а доколку со изгледот не привлекоа доволно внимание, изјавата на нејзиниот свршеник пред настапот на сцената започна лавина од коментари и шпекулации.
Машин Ган Кели на сцената настапи со песната Twin Flame за која рече дека ја напишал за „неговата сопруга и нивното неродено дете“.
Се знае дека Меган Фокс и Машин Ган Кели се свршија во јануари годинава, но сите останаа збунети од изразот „сопруга“, а спомнувањето на нероденото дете само дополнително ги подгреа шпекулациите дека актерката е бремена по четврти пат.
За потсетување, Меган Фокс веќе има три сина од бракот со Брајан Остин Грин.
По доделувањето на наградите, Меган Фокс и Машин Ган Кели присуствуваа на забавата на P Diddy каде актерката го прослави својот 36-ти роденден.
Претходно во изјава за медиумите, Машин Ган Кели откри дека на забавата ќе го прослават и роденденот на неговата свршеница, на што таа одговори:
„Јас сум здодевна и не пијам, но сигурна сум дека тој ќе надополни за мене“.
Дополнително, Меган уште повеќе го сврте вниманието кон себеси откако на Инстаграм објави серија фотографии и видеа од фотосесијата направена за време на нивниот престој во Лас Вегас, пред да зачекори на црвениот тепих на Billboard Music Awards.
Во една од фотографиите се гледа преписката на Меган со нејзиниот стилист и во која тврди дека го уништила комбинезонот за да има секс со нејзиниот свршеник.
На фотографиите и видеата актерката носи син светкав комбинезон, а во преписката со нејзиниот стилист стои:
„Беше ли овој аутфит многу скап, затоа што направивме дупка меѓу нозете за да можеме да имаме секс?“
„Те мразам. Ќе го поправам“ – стои во одговорот од стилистот.