Меган Фокс (36) се претвори во Памела Андерсон (55) облекувајќи се во розов мини фустан од латекс. Меган и нејзиното момче Машин Ган Кели (32) секако оставија впечаток на Ноќта на вештерките трансформирајќи се во популарната двојка во врвен костим.
Меган и Кели се трансформираа во Памела и Томи Ли (60) за Ноќта на вештерките. Двојката присуствуваше на забава во Беверли Хилс, Калифорнија заедно со мноштво други познати личности кои сакаа да извлечат максимум од „морничавата“ сезона.
Познатата актерка го усовршила изгледот од фустанот до фризурата, бидејќи се одлучила за фустан од латекс во две бои во комбинација со виолетов долен дел и розев корсет.
Фустанот го зазеде централното место додека Меган ги покажа своите прекрасни облини, како и Памела. Имаше и долги русокоси прамени и гламурозно нашминкано лице исто како познатата актерка од Baywatch.
Облеката беше комплетна рекреација на една од познатите фотографии од 1995 година кога дуото беше во хотелот и казиното Хард Рок.
Во вистински стил на Томи Ли, Машин Ган Кели носеше панталони во комбинација со ремен и бела маица, додека на неговите раце беа видливи тетоважи.
Изгледот беше целосно усовршен од облеката до фризурите.
– Меган Фокс и Машин Ган Кели како Памела Андерсон и Томи Ли се предобри – напишаа обожавателите.
– Тие се најоригиналниот пар – рекоа некои.
Некои обожаватели дури му предложија на Кели да си ја обои косата црна по неговата трансформација во Томи Ли, а беа импресионирани и од русокосите прамени на Меган, пишува Дејли Стар.