Меган ја исмејува кралицата, Хари ПОЦРВЕНЕ од срам! „Греота ли е со оваа жена! (ВИДЕО)

popara12 декември, 20221min00
Screenshot_8

Меган Маркл предизвика гнев во јавноста откако ја исмеа кралицата Елизабета во документарниот филм „Хари и Меган“, а сите беа дополнително разочарани од реакцијата на принцот Хари.

 

 

 

Документарниот филм „Хари и Меган“ е топ тема за светските медиуми и јавноста, а откако е објавен, неговите делови и досега невидени сцени од приватниот живот на војводата и војвотката од Сасекс не престануваат да бидат анализирани.

 

Експертите за говор на телото сега имаат полни раце работа, а тврдат дека принцот Хари малку го изнервирала имитацијата на Меган да се поклони пред кралицата и дека мислел дека таа ги преминала сите граници со тој потег.

 

Многумина ја критикуваа сцената како исмејување на покојната кралица Елизабета и самата традиција на кралското семејство, а експертка за анализа на тело Џуди Џејмс вели дека таа мисли дека делот претставен во документарецот бил прилично непријатен за Хари, но тој не можел да се воздржи.

Во документарецот полн со болка, мака и отворени сигнали за стрес поттикнати од нејзините искуства во Велика Британија, Меган се забавува исмевајќи – вели експретката. Нормално, кога еден од нив се обидува да се пошегува, другиот обично гласно се смее во знак на поддршка. Меган редовно му го покажува ова на Хари, но во овој случај не беше возвратено. Комичниот поклон на Меган траеше долги осум секунди, но дури кога таа повторно стана, Хари неволно се насмеа. Потоа ја спушта главата за делумно да го скрие лицет ,  вели Џуди.

 

Анализата доаѓа откако личниот кувар на принцезата Дијана ја критикуваше Меган токму поради спорниот наклон и после тврдењето на Хари дека неговата сопруга е налик на неговата сакана мајка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma