„МЕ ИСМЕЈУВАА зарди ИЗГЛЕДОТ!“ Прогласена е за една од НАЈУБАВИТЕ жени на светот, а во детството била МАЛТРЕТИРАНА!

popara21 ноември, 20221min00
633403_anja2_f

Ања Тејлор-Џој се прослави со улогите во легендарните серии ‘The Queen’s Gambit’ и ‘Peaky Blinders’, а нејзиниот посебен изглед е честа тема на разговор…

Актерката Ања Тејлор-Џој остана запаметена по одлично одиграните улоги во сериите „The Queen’s Gambit“ и „Peaky Blinders“, а вниманието на јавноста го привлекува нејзината специфична убавина и истенчениот моден вкус.

Меѓутоа, во тинејџерските години Ања поминала низ тежок период:

– Имав многу, многу среќа со моите родители бидејќи кога ме малтретираа поради мојот изглед, мајка ми секогаш велеше дека треба да се гледа во нечија внатрешност. Погледни го човекот одвнатре, а не класниот статус или нешто слично. Не гледај што е неговата работа, туку само гледај дали ти се допаѓа срцето на таа личност. И навистина морам да ја пофалам мајка ми за тоа затоа што навистина помогна – изјави Ања во емисијата водена од Дру Баримор.

Screenshot 2022-11-21 145740
Screenshot 2022-11-21 145755
Screenshot 2022-11-21 145812

„Никогаш не сум помислила и нема да мислам дека сум убава“ – зборуваше претходно Ања за својот изглед, велејќи дека „не се смета за убава“.

„Мислам дека не сум доволно убава за да глумам во филмови. Звучи патетично и моето момче ме предупредува дека луѓето ќе мислат дека сум апсолутна глупача што ги кажувам тие работи, но јас едноставно мислам дека сум чудна“, изјави таа за „The Sun“ во 2020 година.