Освен што претставува неверојатно уживање, сексот отсега постанува и платформа за истражување на вашата личност. Низ сексот го кажуваме она неизреченото, преку сексот се поврзуваме со партнерот, но често сексот во себе крие и многу подлабока порака. Откријте што вашата омилена секс-поза кажува за вас.
Мисионерска
Вие сте личност која во кафуле секогаш ја нарачува истата пијачка, а експериментите не ви се омилена занимација. Вашиот стил е неавантуристички, безбеден, а во врскате сте сталожени и секогаш подготвени да дадете поддршка. Оваа поза ви дава прилика за целосен физички и емоционален контакт со партнерот и никогаш не ви излегува од мода.
Доги
Обожавателките на оваа поза најчесто се поборници за жестоки сексуални игри кои се граничат со грубост. Тие ќе му ги остварат сите сексуални фантазии на својот партнер и сите негови барања и желби ќе ги примат достоинствено и со стил.
Жената доминира
Ако вие сте таа која ја презема инцијативата, а вашиот партнер најчесто ве гледа одоздола, еден од вашите најголеми квалитети е одлучноста. Вие сте една од оние личности кои имаат јасно поставени животни цели, а во врска сте апсолутна доминантна дама.
Лажица
Сексот од страна или позата популарно наречена лажица говори дека не постои драма на која не сте заплакале, дека малите напуштени куќички се вашата најслабата точка и дека сите околу вас неретко велат дека сте вистинска емотивна душа. Баш таква е и вашата омилена поза во сексот, но и самит однос со партнерот. Околу себе привлекувате круг на вистински пријатели, а секој кој со вас ќе влезе во љубовна врска е награден со голема доза љубов и доверба, па може да се смета за вистински среќник.
Со задницата кон партнерот
Вашата потреба за авантури тешко може да се сопре и често не ви е грижа за ничие мислење. Во средно сте бегале од прозор за да се бакнувате со школската симпатија, а јавните настапи за вас не претставуваат никаков проблем, како ни акробациите во кревет.
Нозете зад глава
За вас ни небото не е граница. Вашиот инструктор по јога ве обожава заради големата флексибилност и на вашето мени се наоѓа исклучиво органска храна. Добро сте запознаени со сите делови на своето тело, но и со нивните можности, што пак е вашата најјака страна.
Стоечки
Зад љубителките на оваа поза се крие непопустлив натпреварувачки дух кој никогаш не губи. Сексот не е исклучок од ова. Енергични сте, водите здрав живот и на многумина им е тешко да го следат вашиот ритам. Но штом еднаш ја најдете својата сродна душа, никој нема да може на тоа да му стави крај.
Пред огледало
Сакате да бидете во центарот на вниманието, а во друштвото имате статус на забавувач. Го сакате вашиот живот и иако некои ве сметаат за ексцентрик, не се откажувате од својата фасцинираност од самите себе.