Мислеше дека е недопирлив: Баленсијага ја прекина соработката со Канје Вест

popara24 октомври, 20221min00
o_26616195_1280

Не може да се каже дека очите на модниот (и останатиот) свет не беа насочени кон раководството на шпанскиот моден гигант и конечно дојде нивната одлука – Баленсијага ги раскина сите договори со Канје Вест! Ова доаѓа ден месец по нивното шоу на Париската модна недела што го отвори овој музичар и моден ентузијаст и нешто помалку од еден месец по ревијата на Канје и низата луди интервјуа и испади на социјалните мрежи.

image

„Balenciaga веќе нема никаква врска или планови за идни проекти поврзани со овој уметник“, рече Керинг, матичната компанија на Balenciaga во соопштението, пренесува CNN.

Вест, кој легално го смени своето име во Је, соработуваше со Баленсијага на многу популарната модна линија Yeezy Gap претходно оваа година. Прво, Гап објави дека е договорена 10-годишна соработка помеѓу Је и Yeezy Gap во јуни 2020 година. Но Вест минатиот месец откри дека го прекинува партнерството поради „значителна неусогласеност“.

image

Канје Вест започна серија шокантни и расистички испади со својата изрека „White lives matter“, која наместо со извинување заврши со шокантни антисемитски ставови и теории. Во Баленсијага веќе не можеа да го игнорираат или толерираат тоа. Вест со години имаше одличен однос со еден од главните дизајнери во таа куќа, работеше и на развојот на неговата модна линија.

Светот на модата како да го чекаше потегот на одличниот Баленсијага, а сега и Vogue објави дека повеќе нема да соработува со раперот поради низата контроверзии што ги предизвика. Одделот за односи со јавноста на Vogue потврди за Page Six дека Vogue и извршната уредничка Ана Винтур немаат намера да соработуваат со Канје Вест во иднина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma