
Најважно е да ја измиете долната облека во топла вода пред да ја носите
Многу луѓе не ја менуваат доволно често долната облека, што може да предизвика здравствени проблеми.
Една таква дискусија се одржа на социјалните мрежи, каде корисниците открија после колку време купуваат нова долна облека и колку внимание посветуваат на тоа.
Многу експерти велат дека долната облека не треба да биде постара од една година, додека гинекологот Чавон Момон Нелсон вели дека, сепак, не постои правило според кое долната облека треба да се фрла по тој период, туку дека дефинитивно треба да се грижите за хигиената.
Во полемиката се вклучија и корисници кои велеа дека не се сеќаваат кога последен пат купиле долна облека, а старата ја носат со години, додека не се истроши.

„Јас сум на факултет и имам парчиња уште од 7-мо одделение.“, „Ги имам истите гаќички веќе пет години.“, „Најстариот пар ми има 16 години“, „Чекај, никој не ми кажал ова.”, “ Ги чувам додека не се искинат.“, „Имам долна облека постара од сите овде во коментарите“, „Кој ги менува толку често “, коментира корисниците на социјалните мрежи.
Експертите велат дека најважно е да ја измиете долната облека во топла или жешка вода за да ги отстраните сите бактерии од неа. Исто така, тој смета дека е сосема прифатливо и добро да се носи нова, памучна и чиста облека, но старата не треба да се фрла, ако навистина не мора.
Сепак, се чини дека сите експерти не го делат истото мислење и дека објавата на овој тиктокер „пие вода“. Специјалистот за интимно здравје Ширин Лакани изјавил дека истражувањето сугерира дека всушност треба да носите иста долна облека најмногу една година, а оние кои тренираат да ја менуваат уште почесто.