Мит или вистина? СВИЛЕНИТЕ навлаки ги намалуваат брчките, го прават вашето лице свежо, а вашата коса ПОЗДРАВА

popara3 јануари, 20221min00
devojka-spava-2048x1367

Дерматолог открива дали има вистина во ова верување

Се верува дека свилената постелнина, односно навлаките за перници, имаат неверојатно позитивно влијание на косата и кожата.

Според него, свилата спречува појава на локни, проретчена коса и пукање на врвовите, па дури и спречува појава на брчки на лицето.

Сепак, луѓето оправдано се сомневаат дали ова е само мит за убавина или е вистина?

Нил Шулц, дерматолог од Њујорк, во својата книга: „Не се работи само за брчките“, потврди дека навистина има вистина во оваа приказна и објасни зошто е тоа така.

– Спиењето на мазна површина со многу мало триење, доведува до помало затегнување на кожата отколку со традиционална, памучна перница. Кога спиеме на страна или на лице, добиваме „згмечени брчки“ кои помалку се појавуваат кога спиеме на свилена постелнина – рекол тој.

Мазната површина на свилата, сосема едноставно, ги намалува брчките на лицето кои настануваат при вртење во сон и поради притисокот на лицето врз перницата. Шулц додава дека свилата има и помала способност да ја апсорбира влагата, поради нејзината текстура, па кожата ја одржува својата хидратација за време на спиењето.

Според докторот, ситуацијата со косата е прилично едноставна! Мазноста на свилата го спречува виткањето и заплеткувањето на косата, бидејќи косата само се лизга преку навлаката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma