„Ми го допре срцето“: Адријана Лима со ЕМОТИВНА порака ја сподели ПРВАТА фотографија со синот (ФОТО)

popara16 септември, 20221min00
9377b5cbe45c9800749bef4fec84b3f95cac0bf6

Фотографија која ќе ги разнежни и оние со камено срце

Славната Бразилка и нејзиниот партнер, филмскиот продуцент Андре Ламерс, на 29-ти август годинава го добија синот Сијан. Андријана на својот Инстаграм профил објави слика од окото на нејзиниот син за да објасни зошто решила да го крсти Сијан и каква симболика носи тоа.

„Сијан е бојата помеѓу зелена и сина на видливиот светлосен спектар. Сијан е бојата на водите на Бора Бора и Малдивите, места на нашата семејна листа. Сијан сега е нашата омилена боја… бојата на очите на нашето момче. Добредојде во нашиот свет, Сијан Лима Лемарс“, напиша Лима.

Покрај оваа, таа објави и фотографија на која се гледаат рацете на Сијан, а и покрај неа напиша многу емотивна порака.

“Ти го допре моето срце. Мама те сака Сијане”, напиша Аријана, а оваа сцена ги разнежни луѓето ширум светот.

Сијан е нејзиното трето дете. Покрај него, Лима е мајка на две девојчиња Сиена и Валентина, кои ги има со српскиот кошаркар Марко Јариќ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma