Актерот Киану Ривс е еден од најомилените актери, не само поради неговите феноменални улоги и талент, туку и поради тоа што е многу едноставен човек. Како што многумина велат – „Многу познат, но сосема обичен тип“.
Имено, актерот моментално се наоѓа во Нортхемптоншир, каде што учествува на снимањето на документарецот за Формула 1 за „Дизни плус“, пишува „Дејли мејл“. Тој престојува во луксузен хотел каде го сретнал и младоженец на денот на неговата венчавка.
Младоженецот му пришол и го прашал дали сака да му се придружи на свадбата, на што познатиот актер се согласил и му рекол дека подоцна ќе им се придружи на младенците и гостите на прославата.
Had the most amazing weekend!! #married #dreamwedding #keanureeves #fawsleyhall pic.twitter.com/a0RC8eS4WP
— Nikki Roadnight (@MrsNRoadnight) August 22, 2022
– Беше толку љубезен и ни честиташе на нашата венчавка. Тој беше доволно љубезен за да позира за неколку слики, а нашиот свадбен фотограф можеше да добие уште неколку фотографии од него! Потоа одвои време да разговара со нашите гости и да се фотографира и со нив – рече среќната невеста.
Ова не беше првпат познатиот актер да израдува пар на свадба. Тоа го направи и во 2018 година на свадба во Њујорк.