Многу жени овие 3 љубовни лекции ги учат ПРЕДОЦНА

popara16 октомври, 20221min00
Screenshot_14

Понекогаш е потребно многу време за конечно да разбереме што навистина сакаме од љубовта и кои облици на однесување во врската се прифатливи, а на кои треба веднаш да реагираме.

 

 

 

Ова се љубовните лекции кои жените ги учат предоцна.

 

Не кажувајте „да“ ако всушност сакате да кажете „не“

 

Во љубовните врски често ја правиме истата грешка – се преправаме. Запомнете дека компромисот не е решение ако ве прави несреќна. Не се согласувајте со работи кои ве прават длабоко несреќна, не се преправајте дека сте среќна ако не сте, и не кажувајте „да“ на предлозите на кои инстинктивно сакате да кажете „не“.

 

Во секој момент од врската бидете автентична и своја бидејќи само така ќе успеете да ја постигнете вистинската љубовна среќа со партнер кој ќе ја види вашата вистинска личност, а не онаа создадена специјално за него. Кога конечно ќе кажете „не“ на она што ве прави несреќна, вашите вистински желби и потреби ќе излезат на површина.

 

Вашата љубов не може да го промени партнерот

 

Додека тој самиот не стане свесен за потребата од промена, нема таква љубов (колку и да е силна) што ќе го натера да се промени. Промените можеби се условени од надворешни фактори, но тие всушност доаѓаат одвнатре.

 

Љубомората и посесивноста не се знаци дека ве сака

 

Многу жени ја доживуваат љубомората и посесивноста како потврда дека мажот навистина се грижи за нив. Малку љубомора е сосема нормално во врската. Меѓутоа, кога мажот постојано ве контролира, сака да го знае секој ваш чекор и движење, ве спречува да комуницирате со другите – ова е знак дека неговата љубомора не е безопасна и здрава.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma