Поранешниот тапанар на Motorhead, Мики Ди, вчера (28 декември) му оддаде почит на Леми Килмистер на седмата годишнина од неговата смрт.
Легендарниот рокер почина во 2015 година на 70-годишна возраст, само два дена откако откри дека има рак на простата. Моторхед се распадна набргу потоа.
„Моите денови со Моторхед се засекогаш зашиени во мојот ‘рбет. Тоа е голем дел од тоа што сум јас, а семејството на Моторхед е цврсто како камен, засекогаш. Леми, ми недостигаш и мислам на тебе многу, но прилично сум сигурен дека си растураш и правиш пекол каде и да си“. напиша Мики Ди на Твитер.
Ди претходно откри дека Леми одбил да ја прекине турнејата во неделите пред неговата смрт, иако неговото здравје се влошувало, пренесува NME.