По повеќе од една и пол година врска, Хари Стајлс и Оливија Вајлд се уште се едни од најозборуваните славни парови. Актерката и режисерката е 10 години постара од музичката суперѕвезда, а се запознале на снимањето на филмот „Don’t Worry Darling“ во септември 2020 година.
На почетокот на истата година, Вајлд ја раскина свршувачката со актерот Џејсон Судеикис, со кој имаше две деца, додека врската со Стајлс ја потврди во јануари 2021 година кога се појавија заедно на свадба.
Оттогаш Хари и Оливија неколку пати се фотографирани во јавноста, но нивното прво појавување на црвениот тепих сè уште се чека. Многу обожаватели забележаа дека парот исто така дели сличен стил, но тие се трудат да го одржуваат лежерно и да не се совпаѓаат, па ретко ги гледаме во исти бои или да носат ист бренд. Она што дефинитивно ги поврзува е нивната љубов кон ретро силуетите и фактот што изгледаат како да им е удобно во сопствената кожа.
Додека фановите со нетрпение го очекуваат првото појавување на стилската двојка на црвениот тепих, погледнете ги нивните најдобри модни комбинации во галеријата.