Моден експерт откри: Три грешки во облекувањето поради кои СИТНИТЕ жени изгледаат уште помало

popara10 декември, 20221min00
odelo

Избегнувајте ги

Кога станува збор за облекувањето, постојат различни правила за ниските и високите жени.

Она во што високите жени изгледаат добро, може да ги направи ниските жени да изгледаат уште помало и подебело, па затоа треба да внимавате на изборот на гардероба.

Според модниот експерт Чи Ли од Њујорк, која дели модни совети на социјалните мрежи, не само што погрешниот избор на гардероба може да додаде години и килограми на вашиот изглед, туку и да направи да изгледате уште пониско.

  1. Капри панталони

На нејзината листа се најдоа капри панталоните, и додека многу жени ги обожаваат, оние пониските треба да се воздржат од овој стил.

– Ве прават да изгледате десет години постаро, а нозете ќе ви изгледаат пократко. Префрлете се на панталони со полна должина, тие изгледаат модерно и шик, а исто така многу полесно се стилизираат, советува Чи.

  1. Фустани без облик

Иако нема сомнеж дека оваа облека е совршена доколку барате удобност, Чи не е нивен голем обожавател. Таа истакна дека фустанот без облик не е ласкав избор бидејќи додава години, но и неколку килограми вишок.

– Без разлика колку години имате, дефиницијата на половината ве прави да изгледате подобро.

  1. Магласени принтови

Тие се секогаш во мода, но ако вашиот плакар е полн со смели, нагласени принтови, време е да одите на шопинг и да земете некои нови парчиња облека.

Изгледаат навистина агресивно и многу тешко се носат за жена на која било возраст. Ако навистина сакате принтови, одберете нешто посуптилно бидејќи ќе ве истакнат вас, наместо облеката, предлага таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag