За пролет задолжително набавете си панталони со џебови на ногавиците бидејќи повторно ќе бидат во тренд!
Светски стилисти, модни списанија и влијателни инфлуенсери со своите изданија ни кажуваат дека популарните карго панталони ќе бидат главниот хит на облека, исто како кога се појавија во доцните седумдесетти години на минатиот век. Удобноста и економичноста станаа главни барања на модерната мода, а ова парче кое можеби веќе го имате во вашата гардероба е вистинскиот одговор на тоа.
Без разлика дали се работи за широки панталони со широки ногавици, потесни модели од сатен, памук или лен, фармерки, сите тие мора да имаат странични џебови.
Лесно се вклопуваат во различни комбинации на облека, од спортски, лежерни, до деловни, па дури и елегантни.
– Точно е дека овие панталони се одликуваат со удобен крој, но тоа е само дополнителен плус, бидејќи удобноста е еден од императивите на новата модна сезона. Иако до неодамна беа заборавени, ги носат и Бијонсе, моделите Бела и Џиџи Хадид, Лили Роуз Деп, Кендал Џенер, Ким Кардашијан …
Покрај кроп топовите и тесните маици, дозволете си модни експерименти со бои, крој, материјали, па дури и чевли.
Доколку сакате, можете да го носите најпознатиот војнички модел во маслинесто зелена боја, но за пролет добиваме и светли нијанси на беж, златна, па дури и бебешка розова и сина боја.
Подгответе барем еден пар диагонист, потенки фармерки и задолжителен лен за лето.
За поелегантни пригоди, можете да ги носите со блузи со надувани ракави, кошули, па дури и сако.
Најважно е дека може да носите не само патики, туку и чевли со високи потпетици и какви било рамни чевли.