Модни додатоци кои мора да ги имате оваа ЗИМА: Ѕирнете во плакарот на вашата БАБА бидејќи старите трендови се вратија

popara5 ноември, 20221min00

Вашиот стајлинг нека биде впечатлив

Иако поминале многу години откако нашите баби ја живееле својата младост, во нивните гардеробери сè уште може да се најдат безвременски парчиња.

Има се повеќе винтиџ модели кои го оживуваат новиот дух на времето, а најдобро од сè е што изгледаат многу убаво кога се носат.

Затоа, погледнете во плакарите на вашите баби и видете дали можете да ги „украдете“ овие парчиња кои се неопходни за зимата што доаѓа.

Ракавици

Овој тренд дефинитивно ќе ја одбележи зимата 2022. Романтичен тренд од времето на нашите баби, па затоа задолжително набавете го вашиот пар. И запомнете, колку подолги, толку подобро.

Впечатливи нараквици и прстени

Се што е пренагласено е „must“. Прстени со големи камења, огромни нараквици… и наједноставниот црн фустан за миг ќе го подигнат на ново ниво.

„Statement“ обетки

Што се однесува до обетките, продолжуваме на ист начин, а покрај стејтмент обетките, на сцена се враќаат и таканаречените штипка обетки, за кои не мора да ги дупнете ушите. Сè е во мода – од класични прстени до обетки кои минуваат низ целото уво.

Невообичаени шалови и марами

Есента и зимата се незамисливи без марами и шалови, но сега стануваат главна ѕвезда на аутфитот. Кожни варијанти, необични материјали, апсолутно се е дозволено.

Доколенки

Уште еден тренд на кој дамите особено му се радуваат. Доколенките и надколенките повторно се аксесоар број еден, особено оние со украси. Познатите трендсетерки веќе ги комбинираат со популарните мокасини, па не е лоша идеја навреме да го најдете вашиот пар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag