Анализирајќи ги колекциите на најпознатите модни дизајнери, британски „Вог“ дојде до петте најголеми модни трендови за есента 2022 година, а некои од нив веројатно ќе ве изненадат.
Погледнете кои парчиња облека ќе доминираат во текот на есента.
1. Облека со струк
Половината мора да биде нагласена оваа есен, тврдат светските модни дизајнери. За кое парче облека и да станува збор, пожелно е да се истакнува.
2. Бела поткошула
Да, да, добро прочитавте! Познати модни куќи тврдат дека белата кошула идеално се комбинира со фармерки, макси здолништа и панталони.
3. Двоен џемпер
Модните експерти советуваат оваа есен да комбинирате неколку слоеви волнени работи. Шанел претстави комплети џемпери и здолништа, а велат дека можете да играте со комбинирање на различни дезени и бои на вашите омилени волнени парчиња.
4. Облека која е предолга
Од крајот на септември деновите се резервирани за долги здолништа, фустани, капути, јакни и маици. Затоа, подгответе се за фустани кои се влечат по земја и блузи со долги ракави кои одат преку раце.
4. Бомбер јакна
Тие порано биле воена униформа и биле сошиени од кожа и крзно, но материјалите од кои се направени денес се многу променети. Пред неколку години станаа еден од најпопуларните парчиња облека, дефинитивно ќе го одбележат периодот пред зимата.