Познатата манекенка Кендал Џенер не мирува ниту од напорните денови во јануари од напорните тренинзи со кои одржува совршена линија. Здравата исхрана и придржувањето кон спортските навики дефинитивно направија Кендал да има завидна фигура, но и тренинзите се поинтересни кога одиме во добро друштво!
Кендал отишла на пилатес тренинг со една од нејзините најдобри пријателки, манекенката Хејли Бибер, а и во најлежерните изданија не можеле да останат незабележани. Иако најчесто ги гледаме во нешто погламурозни комбинации, овојпат беа лежерно облечени, а најмногу внимание привлекоа чевлите на Кендал.
Спортскиот стајлинг, кој се состои од кафени кадифени јакни и хеланки, Кендал го надополни со UGG чизми кои со години одолеваат на времето и трендовите, а додека половина од женскиот свет ги обожава, другата половина не ги поднесува!
Манекенката избра мини-варијанта на овие чизми, уште попозната по прилично необичниот изглед, овојпат во боја на коњак, а ги облече со спортски бели чорапи.
Инаку, мини UGG чизмите добија и своја необична варијанта во вид на влечки!
Тој модел успеа да стане артикал речиси подеднакво популарен како класичните чизми и, како и обично, љубителите на модата повторно се поделени …