Криенка која ги испоти и највештите ловџии
Криенката е одличен начин да се забавувате и да ги предизвикате сите членови на семејството да најдат фигура која не е видлива на прв поглед.
На оваа, во морето од шарени папагали, се сокрила и една пеперутка.
Можете ли да ја забележите?
Многумина кои ја решаваа оваа криенка се мачеа да откријат во кој дел од илустрацијата се наоѓа пеперутката. Најбрзите успеале да го пронајдат ова прекрасно животно за само 30 секунди.
Дали ќе бидете побрзи?
За да ви помогнеме – пеперутката се крие на левата страна на илустрацијата.
Доколку сè уште не сте успеале да ја најдете, погледнете го решението подолу.
Сега ви се чини дека пеперутката не беше толку тешко да се најде, нели?