МОЖЕ ДА БИДЕ ОПАСНО ПО ЗДРАВЈЕТО Еве кој не треба да прави јапонско исцртување на веѓите

popara12 септември, 20221min00
523786_ooooooooo_f

Трудниците и дијабетичарите се само дел од оние кои не треба да го прават познатиот третман со микроблејдинг.

Јапонското цртање веѓи стана многу популарно, речиси сега вообичаена практика, кај девојките и жените кои само сакаат да имаат уредни и обликувани веѓи, без секојдневно да ги пополнуваат, но и меѓу оние кои имаат многу тенки и слаби, па ова е за нив можност да го исправат тоа.

Меѓутоа, ако не сте знаеле, не сите девојки се соодветни кандидатки за вакво разубавување.

Има и такви на кои апсолутно не им се препорачува да го прават овој третман, а еве кои се:

Бремени жени или доилки,

Оние кои ставиле хијалуронски филери или ботокс во последните три недели,

Дијабетичари, чиј дијабетес не е целосно под контрола,

Оние кои имаат нарушување на згрутчување на крвта,

Во случај на келоидни лузни,

Во случај на отворени рани.

Ако имате алергии или каква било терапија, треба да му кажете на вашиот артист за веѓи.

Колку е важно кај кого го правите овој третман, покажува и фактот дека некој неискусен би можел да ве уништи.