Може да ГО ЗАГРОЗИТЕ здравјето: Што ќе се случи со вашето тело ако јадете сладолед секој ден?

popara21 јули, 20221min00
sladoled-devojka

Иако речиси сите го сакаме, може да биде штетен за нашето здравје

Деновиве се најавени екстремни горештини, а еден од начините за разладување е со сладолед.

Иако на многумина им е омилено летно освежување, сладоледот може негативно да влијае на организмот доколку го јадете секој ден.

Ова се промените што можете да ги очекувате доколку некое време секојдневно го консумирате овој десерт.

  1. Проблеми со забите

Според Американската стоматолошка асоцијација, до 57 проценти од американската популација страда од чувствителност на забите. Ова се случува кога забната глеѓ се истенчува, па нервните завршетоци на забите стануваат поизложени. Доколку се сомневате дека страдате од овој проблем, секојдневното консумирање сладолед само ги зголемува овие непријатни проблеми.

  1. Нарушување на сонот

Некои луѓе веруваат дека сладоледот им помага да се смират и побрзо да заспијат, но експертите велат дека тоа не е научно докажано. Клучна студија објавена во Журналот за медицина за спиење вели дека јадењето храна со малку влакна и богата со заситени масти е поврзанод со послаб сон и ноќен немир.

Конзумирањето многу шеќер, особено навечер, го намалува количеството на длабок сон. Ако треба да јадете нешто пред спиење, изедете банана богата со магнезиум кој ви помага да заспиете побрзо.

  1. Негативен ефект врз здравјето на мозокот

Храната богата со масти и шеќер, како што е сладоледот, е штетна за мозокот. Неколку научни студии открија корелација помеѓу исхраната богата со рафинирани шеќери и нарушената функција на мозокот, па дури и влошувањето на симптомите на нарушувања на расположението, како што е депресијата.

  1. Дебелина

Секојдневното консумирање сладолед може да доведе до дебелеење, да го зголеми ризикот од дијабетес и лошо да влијае на здравјето на срцето. Бројни научни истражувања ја потврдуваат врската помеѓу дебелината и конзумирањето на големи количини шеќер кој се наоѓа во сладоледот.

  1. Поголем ризик од хронични заболувања

Ако се здебелите со јадење сладолед секој ден, исто така ќе бидете изложени на поголем ризик од сите хронични здравствени проблеми кои доаѓаат со него, вклучително и дијабетес тип 2, како и срцеви заболувања.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma