Меган Маркл даде ново интервју во кое ги нападна британското кралско семејство, британските медиуми и британската јавност.
Војвотката од Сасекс даде интервју за „The Cut“, во кое рече дека таа и Хари едвај чекале да ја напуштат Велика Британија и дека, според мислењето на некои членови на кралското семејство, тие само ја нарушувале хиерархијата со самото свое постоење.
Меган рече дека таа „се трудела да им прости на кралското семејство, како и на членовите на нејзиното семејство“, но и дека имала проблеми како Американка во Велика Британија.
Погледнете ТУКА
Откако кажа дека членовите на кралското семејство сметале дека таа и Хари се само пречка, Меган додаде дека особено ѝ сметало тоа што за нив важеле различни правила.
Според неа, има голем број на принцови и принцези, но и војводи кои добиле сè што побарале, но не прецизирала на кого мисли.
„Поради некоја причина не ни беше дозволено да работиме иако некои членови на семејството го прават токму тоа“, рече Меган, додавајќи дека не сака да споделува фотографии од своето семејство со британските медиуми чии читатели ги нарекувале нејзините деца со „буквата Н“, што се однесува на термин „нигер“.
Таа, исто така, рече дека на нејзе и Хари не им било дозволено да имаат никаква контрола над профилот на „Инстаграм“, кој првично го делеа со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а потоа отворија свој профил под името Сасекс Ројал.
Тој профил го користеа за објавување на семејни фотографии, за, како што вели таа, да не мора да ги објавуваат во британските медиуми, а го „згаснаа“ во февруари 2021 година кога се откажале од службената должност.