Доколку сте корисник на социјалните мрежи, деновиве сигурно сте налетале на видео во кое ѕвездите од „House of the Dragon“ Ема Д’Арси и Оливија Кук зборуваат за нивните омилени пијалоци. Видеото стана вирално бидејќи Ема откри дека нејзиниот омилен пијалок е „Negroni Sbagliato, with Prosecco“. Ние конечно го имаме рецептот!
Традиционалните Негрони се направени од Кампари (горчлив ликер), сладок вермут и џин, додека за Negroni Sbagliato наместо џин се користи просеко или друго пенливо вино. На италијански, „Sbagliato“ значи погрешно. Коктелот наводно настанал кога еден шанкер брзал да подготви негрони и случајно зел шише просеко наместо џин.
Добра грешка, ако прашате некој што ја пробал оваа комбинација. Имено, просекото ја омекнува препознатливата острина на Кампари за прекрасен баланс на горчина, сладост и пенливост.
@alexalacarte Emma Darcy said they drink Negroni sbagliato so I now drink Negroni sbagliato. #hotd #houseofthedragon #emmadarcy
Состојки
45 ml сладок вермут
45 ml Campari
45 ml Prosecco или друго пенливо вино
неколку коцки мраз
Подготовка:
Додадете вермут и Кампари во чаша полна со мраз и измешајте да се соединат. Потоа додадете просеко и повторно измешајте. Украсете со парче портокал ако сакате.