Кралицата Елизабета Втора е специфична кога е во прашање модата, но и хуморот, а има многу интересни работи кога е во прашање изборот на нејзиниот костум, на пример или причината поради која секогаш носи светли бои, што е доста емотивно и тажно.
Кралицата има свои посебни ритуали кои мора да се почитуваат, а меѓу другото има и одредени облеки и додатоци кои се задолжителни при секое нејзино појавување.
За сите овие години, ако го следите кралското семејство, сигурно сте забележале дека Елизабета Втора никогаш не се појавила без бисери. Ќе си помислите, таа е кралица, живее во замок, зошто да не носи бисери. Но, кралското семејство живее по правила и традиции, па бисерите немаат никаква врска со престижот.
Тоа е семејна традиција која датира стотици години наназад, пишува Историски забавник.
– Бисерите се традиционален накит за кралиците во Британија повеќе од илјада години – никогаш немало кралица која не носела бисери. Порано важеа за ретки, убави, сјајни и колку повеќе ги носите – толку стануваат посјајни – објасни Лесли Филд, која ја напишала книгата „The Queen’s Jewels“.
Бисери носела и кралицата Викторија, прабаба на кралицата Елизабета Втора.
– Таа на сите свои ќерки и внуки им подаруваше по еден бисер секоја година на нивниот роденден за да имаат доволно бисери за ѓердан до 18-годишна возраст – објасни Филд.
Оваа традиција ја продолжил таткото на Елизабета, Џорџ Шести, кога на кралицата и подарил платинест синџир за еден роденден, а потоа по два бисери за секој нареден.
Кралицата Елизабета Втора има богата колекција на накит, особено бисери со три до пет кругови, а највпечатливите обетки ги носеше во 1947 година на денот на венчавката, но и за погребот на принцот Филип во 2021 година.