Сезоната на костените пристигна, а ние ви пренесуваме рецепт за едноставен чоколаден мус во кој сигурно ќе уживате…
Состојки:
- 250 гр темно чоколадо
- две чаши слатка павлака
- чаша пире од костен
- четири белки
- четвртина чаша шеќер
- малку сол
Подготовка:
Чоколадото искршете го, ставете го во соодветен сад, па растопете го на пареа со постојано мешање. Слатката павлака измешајте ја во шлагот, додајте ја растопената чоколада, омекнатото пире од костен и прстофат сол, па сè убаво изматете. Белките се матат со миксер додека постепено се додава шеќерот, па се соединува со смесата од чоколадо и костен со шпатула. Се става во чинии, се лади во фрижидер, па се сервира.