Наместо маратонски секс и „спонтано“ уништување на креветот поради насилно водење љубов, голем број мажи всушност сакаат нешто друго…
– Би ми било срам да им признаам на моите пријатели, но нежното водење љубов ми е омилено. Обожавам кога партнерката со својот поглед и допир јасно кажува дека ме сака и не и е проблем да преземе иницијатива да ми го покаже тоа – признава еден маж (34).
– Немам ништо против сексот набрзина, но тој никогаш не ги задоволува моите најдлабоки потреби. Најмногу сакам кога нежно ме соблекува, ме бакнува по целото тело и кога полека ја достигнуваме кулминацијата. Тогаш чувствувам дека сме поврзани, како да сме едно – додава тој.
Некои нови студии потврдуваат дека таквите мисли се сè почести кај мажите.
„Мажите не секогаш сакаат да бидат тие што ќе иницираат сексуални односи“, вели д-р Даун Мајкл, специјалист по клиничка психологија.
Таа објаснува дека ако мажите мораат да иницираат секс секој пат, почнуваат да се чувствуваат помалку привлечни, а може да развијат и страв од лошо „знаење“ во спалната соба.
И покрај големата популарност на серијата „Педесет нијанси сиво“, д-р Даун Мајкл забележала дека сè поголем број мажи копнеат за сосема поинакви работи.
– Некои мажи сакаат кога нивните сопруги се доминантни, но таа доминација не ја практикуваат на груб начин. Напротив, тие доминираат со грижата. За ова ретко се зборува, но мажите навистина сакаат нежност во спалната соба. Тие сакаат интимност со жената преку нежен секс полн со љубов. Жените забораваат дека и мажите се емотивни суштества, а дека сексот е огромен израз на интимност – вели докторката.