Доколку ви останале јајца од Велигден, можете да ги искористите за многу вкусен намаз.
СОСТОЈКИ:
- 6 варени јајца, крупно изрендани
- 1 китка ситно сечкан млад кромид, зелениот дел
- 1/4 китка ситно сечкан магдонос
- 50 гр постаро сирење, ситно изрендано
- 4 лажици кисела павлака
- 1 кафена лажичка сенф
- морска сол
- Бибер
ПОДГОТОВКА:
Соединете ги сите наведени состојки, добро измешајте.
Ставете во фрижидер да се излади малку.
Послужете со тост леб со семки.
Пријатно!