Намалете ја видливоста на темните подочници на природен начин: Неколку корисни трикови и совети кои ќе ви помогнат

popara5 декември, 20221min00
5b6b79dae71ff5d3bd1f2fb9816b34be742b96fa

Обидете се да ја намалите видливоста на темните кругови со помош на состојки од кујната

Причините за појавата на подочниците можат да бидат различни – недоволно сон, премногу внес на сол и шеќер, недоволна хидратација, лоши животни навики можат да бидат некои од причините за нивното појавување. За ефикасно да се ослободите од нив, прво треба да се обидете да ги искорените овие лоши навики. Во меѓувреме, можете да искористите неколку корисни трикови за кои не се потребни многу пари или време.

  1. Компирот и краставицата во служба на убавината

Краставицата има својства кои благотворно делуваат на пределот околу очите, а во исто време обезбедуваат пријатно чувство на ладење, намалувајќи го отокот во оваа област.

Затоа, исечете ги краставиците на тенки прстени и држете ги на очите 10 до 15 минути. После тоа, исплакнете ја и исушете ја кожата, никако со крпа. За уште подобри ефекти, оставете ја краставицата околу еден час во фрижидер пред да ја нанесете на очите.

Компирите имаат слични ефекти како краставицата, а згора на тоа имаат и ефект на избелување, што е особено корисно за темните кругови.

  1. Розова вода

Розата има својства кои позитивно влијаат на еластичноста на кожата, правејќи ја позатегната. Натопете памучните тупфери во вода од роза и ставете ги на очите. Држете околу 10 минути, а потоа исплакнете.

  1. Ќесички за чај

Кесичките од црн, зелен и чај од камилица можат да бидат многу ефикасно решение за уморни и подуени очи. Откако ќе ја потопите кесичката чај во вода, исцедете малку од течноста, па ставете ја во фрижидер да се излади. Држете ги на очите 10 до 15 минути, а потоа исплакнете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag