Совршен начин за нанесување на ајлајнер за сите оние кои не се вешти во цртање
Еден од најголемите предизвици за секој мејкап изглед, моливот за очи е речиси секогаш мачење за жените.
Веќе не, ако му се верува на овој генијален трик. И најдобриот дел е тоа што не чини ништо. Сосема е погоден за почетници и совршен за секој што има проблем со цртање на тушот.
Најпрво исечете агли од картон во форма на стандардна форма на ајлајнер, а потоа земете го тушот по избор и со него обојте ја едната страна од аголот на картонот.
Потоа, додека е сè уште влажно, користете го како печат. Повторете ја постапката за другото око. Сега само обојте и завршете го цртањето долж горната водна линија и готови сте.
Едно е сигурно, овој метод на цртање е совршен за сите почетници и да, изгледа совршено!
Видеото може да го погледнете ТУКА.