Престанете да погодувате! Ова се работите со кои сигурно ќе успеете да му го задржите вниманието. Ќе откриете дека мажите генерално немаат толку барања во кревет.
Преземете иницијатива и контрола
Бидете поагресивни и поенергични, никако срамежливи. Тие сакаат жена која е иницијатор во креветот и која точно може да им каже што сака од нив, која зборува „безобразно“ и ужива во оргазмот. Споделете ги вашите секси соништа со партнерот и играјте ги вашите замислени улоги во кревет.
Прашајте го за неговите фантазии и исполнете ги
Наместо да погодувате, слободно прашајте го што навистина сака во креветот и кои се неговите „најмрачни“ фантазии. Ќе се изненадите колку од нив се всушност многу едноставни и приземјени кога станува збор за сексот.
Обидете се да му ги прочитате мислите
И тие сакаат понекогаш да ги изненадите, да видат колку добро ги познавате.
Кога во своите фантазии ќе го гледа само вашиот лик, ликот на жена која е подготвена да му даде сè, никогаш повеќе нема да помисли да изневери! Запознајте ја неговата вистинска еротска личност.