Ова е новиот летен хит, а можете да го направите сами дома
Состојки
- 100 гр топчиња боб (тапиока).
- 500 мл вода
За сирупот
- 200 гр шеќер
- 250 мл вода
За чај
- користете го чајот што го сакате, зелен чај, бел чај, овошен чај
- вода да се прелие врз чајот
- колку чај толку овошен сок или замрзнато овошје, млеко
- ледени коцки
Подготовка
Најпрво сварете го сирупот од водата и шеќерот. Обично се користи 1:1.
Во тенџере се ставаат шеќерот и водата и се варат додека шеќерот целосно не се раствори (обичен сируп) и се остава настрана за сирупот целосно да се излади.
Во друго тенџере сипете вода и оставете да зоврие, кога ќе зоврие додадете ги боб топчињата и варете ги околу 15 минути.
Исклучете го шпоретот, поклопете и оставете го да отстои уште 15 минути.
Процедете ги и ставете ги во изладениот сируп. Се чува во фрижидер во затворена тегла и вака приготвениот bubble чај може да се чува во фрижидер околу 7 дена, доколку остане подолго ќе се стврдне и повеќе не е употреблив.